Апасиев: Левица ќе ја победи медиумската блокада

  • Во денешната емисија „Аргумент плус“ на „Телевизија 24“ гостуваша пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев. На самиот почеток на емисијата главна тема беше „медиумската блокада“ и зошто Левица ја пренесуваат на националните телевизии. Апасиев објасни дека ова се случува поради блокираниот закон за „поткуп на медиумите“ и дека очекува овој бојкот да продолжи во иднина. Во прилог ви ја пренесуваме неговата аргументација.

„Ретки се поканите за Левица во овој период и вие сте помеѓу ретките телевизии која не викна во емисија. Тоа е поради тоа што пратениците на Левица блокираа еден закон „за поткуп на медиумите“ – ние така го викаме. Тоа беше Закон за изменување и дополнување на АВМУ со кој планираа да го вратат тоа што сакаше да го воведе Груевски на времето.

Овој закон ќе беше класичен легален поткуп на медиумите, од којшто најголем ќар ќе имаа петте национални телевизии и поради тоа сега ниту еден член на Левица нема на националните медиуми. На моменти многу новинари се покорумпирани дури и од политичарите. Така што не очекувам, особено од уредништвото, додека тој закон е блокиран Левица да ја има на медиумите.

Тој закон е штетен закон, ние сметаме дека сите владини реклами треба да бидат бесплатни, и националните медиуми треба тоа да го даваат бесплатно. Националните медиуми ќе бидат должни да го прават тоа бесплатно а не да добиваат по 1.5 милиони по телевизија или 7 милиони годишно.

Затоа се овие канонади од сите страни од овие буржујски партии. Ние сме спремни, имаме нова медиумска стратегија на Левица и таа ќе даде плод во наредните месеци. Гледаме дека овој начин е организирано Левица да ја нема, не е нешто стихијно.“