Претседателот на Совет во Општина Карпош ги достави материјалите до службите

  • Фејсбук статус на Бранко Ристов – Претседател на Совет во Општина Карпош од Политичката Партија Левица

Почитувани карпошани,

Денес во општината доставив евиденционен лист од присутните советници, два диктафони со снимка од седницата и евиденција од гласањето по точките на седницата. Меѓу нив е и спорниот ДУП против кои гласаа 4 од 5те советнички групи.

Согласно закон и деловник ова го прави администрацијата на општината, но тие во поддршка на градоначалникот одлучија да заминат па како претседател на советот одлучив да им помогнам. Истиот закон и деловник ги обврзува службите да изработат одлуки за изгласаните точки и службени белешки за точките кои не добиле поддршка од советот кои сум обврзан да ги потпишам со што ја верификувам вољата на советот. Рокот законски истекува во понеделник.

Најавувам дека понеделник ќе сум во својата канцеларија во бараката на општината. Очекувам сите материјали да ми бидат доставени за потпис.

П. С. Евидентниот лист е сликан и направена е копија од снимките…. Во случај да се истури кафе или погрешка избрише нешто.