Покачувања на услугите на ЈП Комуналец – Неготино резултираа со нови партиски вработувања на ДПМНЕ

  • Реакција на Левица – ЛО Неготино

Покачувањата на услугите на ЈП Комуналец кои се случија пред крајот на 2022 година и кои требаше да бидат “спас” за јавното претпријатие, всушност биле покачувања за нови партиски вработувања во истото Јавно претпријатие.

Двајца советници од советничката група на ДПМНЕ, од кои еден е советникот на ПОДЕМ, коалиционен партнер на ДПМНЕ се новите вработувања во ЈП Комуналец.

Со покачувањата, граѓаните беа излажани и изманипулирани дека претпријатието е во многу тешка финансиска ситуација, и дека покачувањата се неизбежни, за да само по неколку месеци се случат овие вработувања на советници од редовите на коалицијата на ДПМНЕ кои и ги изгласаа покачувањата, исто така подржани и од двајца советници од коалицијата на СДСМ.

Поради ваквото паушално работење, советникот од редовите на Левица, Леон Ристов, за наредната седница ќе поднесе ИНИЦИЈАТИВА за намалување на услугите на ЈП Комуналец, со цел да се вратат истите цени на услугите пред покачувањата, за да не се злоупотребуваат парите на нашите сограѓани за партиски и непотребни вработувања во ЈП Комуналец.