Бојан Стојевски тесно врзан со ВМРО ДПМНЕ е адвокатот по чија иницијатива ќе рипнат платите на функцинерите

Минатата недела, македонската јавност беше револтирана од одлуката на Уставниот суд, со којашто платите на функционерите драстично би се зголемиле. Подносител на иницијативата е адвокатот Бојан Стојевски, за кој медиумите немаа одговор кој е и зошто токму од него е покрената иницијативата, односно кој стои зад него.

Од она што Антропол го дознава, Стојевски е долгогодишен близок пријател и соработник со поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, како и нивни активисти и симпатизери.

Јовица Латиновски е долгогодишен близок пријател со Бојан Стојевски, а на нивните профили, јасно се гледа и поширокото друштво од истакнати активисти од ВМРО ДПМНЕ, како Бобан Несторовски (сопственик на кафулето „Хелиум“ во Општина Аеродром), кој пак неодамна беше одговорен за физички напад на советник од редовите на Левица, но под заштита на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ, овој инцидент не најде на осуда од градоначалникот и совениците од оваа партија.

Кој е Јовица Латиновски и каква е поврзноста?

Латиновски е син на поранешниот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски од ВМРО ДПМНЕ. Својата кариера ја започнува според македонската традиција на градење партиски семејни династии, како член и гласноговорник на младината на ВМРО ДПМНЕ, односно УМС.

Многу брзо напредува во својата кариера и иако, тогаш сѐ уште млад активист (роден 1985г.), тој успева да стигне до позиција Советник на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Сосема „природен тек“ во династискиот политичкиот систем на Македонија воспоставен последниве триесет години, типичен за монархии, каде високи функции се доделуваат по наследство, од татко на син.

Секако дека овие високи државни позиции не доаѓаат бесплатно. Од јавно достапните информации за донации направени на сметка на ВМРО ДПМНЕ, само во 2017г., Латиновски има донирано 5.000 евра.

Но, сето ова е веројатно ситен џепарлак, ако се земе во предвид дека Латиновски е сопственик на бензиската „Петрол оил компани“, како и други крупни бизниси и објекти на Љуботенски пат и трговски центар во Ново село.

Сето ова е индиција дека се работи за моќни луѓе, длабоко инфилтрирани во порите на државните институции и имаат моќ да манипулираат со истите, а децениските блиски пријателски врски со адвокатот Бојан Стојевски се директни индикации дека ова е многу повеќе од само коинциденција. Напротив, очигледно се работи за однапред добро осмислено сценарио, каде ВМРО ДПМНЕ биле со надеж дека никој нема да го поврзе адвокатот Бојан Стојевски со нив, дека никој нема да го впери прстот кон нив, доколку иницијативата со која ќе им се овозможи покачување на платите на функционерите, нема да биде покрената директно од нив.