Апасиев: Потписите не се собираат сами, треба да одиш во ДИК

Лидерот на Левица Димитар Апасиев ги повика членовите и симпатизерите на партијата да го дадат својот потпис за кандидатурата на претседателскиот кандидат проф. Д-р Билјана Ванковска.

– Потписите не се собираат сами. Треба да одиш до ДИК. Канцелариите на ДИК во вашите општини работат и за викендите од 8:00 до 20:00 часот, порача Апасиев.

Рокот за собирање на потписи изнесува 15 дена и истекува на 8 март.