Митевски: ДПМНЕ глуми борба против спорниот ДУП кој сами претходно го имаат изгласано
- Фејсбук статус на Славко Митевски – Советник во Општина Карпош од Политичката Партија Левица
Помина уште една седница на општината Карпош и начинот како што помина беше повеќе од предвидлив. Се знаеше дека никој од советниците нема да го гласа ДУП-от кај Реплек, се знаеше дека Градоначалникот ќе ги повлече точките и ќе ја напушти Седницата, се беше познато само не беше предвидливо како советниците на ДПМНЕ ќе ја нападнат Левица за да си ги исперат старите гревови од коалицијата со ГРОМ. Додуше малку се издадоа претходниот ден на комисиите, најавувајки ги прес конференциите и повикувајки дел од своето членство на самата седница на чело со господинот Станинов кој сите, што малку следеле политика добро го познаваат.
Почнаа со прес и уште пред започнување на седницата почнаа да фрлаат дрва и камења по претседателот на советот од Левица и тоа онака “ничим изазвани” и тогаш стана јасно дека ќе прават драма која никој не ја проголта.Излагаа на говорница обвинувајки го претседателот на советот дека е во “игра” со градоначалникот, викаа, правеа сцени а седницата се одвиваше сосем нормално. Исходот од седницата сите го знаете но тогаш излегоа со изјава дека ова е “ПРВИОТ ДУП ШТО ПАДНАЛ”.
Епа господа од ДПМНЕ да не бевте вие да го изгласате ДУП-от за бензинската на Пуцко петрол, тој ќе беше ПРВ, но откако тогаш претседателот на советот од Левица одби да свика итна седница за тој ДУП, вашата советничка група стави потписи да се свика, одржи и изгласа тој ДУП. Но за тие што заборавиле, тогаш вие бевте во коалиција со ГРОМ и го изгласавте градоначалникот против кого сега толку жолчно се “борите” да не речам пенавите. Некако бргу го сменивте интересот и направивте стратегија да си измислувате непријатели се со цел да ви се заборави минатото и во Советот на општина Карпош и во Собранието на Република Македонија. Знаат граѓаните колку години сте во коалиција со ГРОМ во Карпош и кои згради се изградени од таа коалиција. ДУНАВ НЕ ВЕ ПЕРЕ..
Жално е што ги омаловажувате граѓаните на Карпош и ги манипулирате дека само вие се борите за нивните права за пристоен градски живот. И вас бетонот ви е во жилите само сакате ќарот да остане кај вас. Сватете дека ви се случува Левица и од тоа не можете да избегате.Театарот што го правите е комедија на која никој не се смее.Никогаш не сте биле принципиелни и тоа ви смета кај другите. Вашата идеологија е вашиот личен интерес.Продолжете да не напаѓате, ние и понатаму ќе ви држиме час.
Со другарски поздрав.