Апасиев: ДУИ сакаат да дадат дозвола за „Рудникот на смртта“ на фирма што донира пари на партијата

Во јавноста протече информација дека Владата на СДСМ и ДУИ, влезе во нов обид да го даде под концесија т.н. „Рудник на смртта“ во Струмичко. Оваа одлука наиде на жестоки критики во јавноста, а народот, кој претходно спречи издавање под концесија за овие рудници, најави нова борба со актуелната власт.

На ова реагираше и пратеникот на Левица – Димитар Апасиев, кој сподели дека дозволата која сакаат да ја издадат за овие рудници, е за фирма која претходно има донирано пари на ДУИ. Лидерот на Левица смета дека со овие потези ДУИ се има намерачено да ја опустоши Источна Македонија, додека СДСМ како малцински партнер во сопствената Влада е нем посматрач и помагач на ДУИ.

На учките од ДУИ малце им е Западна, па сега се намерачиле да ја опустошат и Источна Македонија! Преку корумпираните кадри од Управен суд, сакаат да дадат дозвола за „Рудникот на смртта“ во Струмичко, кој во меѓувреме го купи фирма-донатор на ДУИ.

Апасиев во продолжение додаде дека народот нема да се откаже од борба против „Рудниците на смртта“ и констатираше дека ваквите намери на властта нема да се реализираат.

Ај вака, без ногу тупење, да се разбереме – рудници на смртта НЕМА ДА ИМА по никоја цена, па вие како сакате.