АктуелноЛокално

Облешево под вода – Институциите се прогласуваат за ненадлежни

Една недела по поплавите, водата во Облешево не е повлечена од нивите, дворовите и објектите на жителите. Поплавени им се и бунарите од кои со хидрофори се снабдуваат со вода за пиење.

„Од кај девер ми, мажот ми донесува вода за горвење, а за пиење купуваме“, изјави жителка на Облешево.

Мештаните велат дека под вода се околу 50 ха под ореви насади и житарици, кои не можат да ги ожнеат. Вината ја бараат во неисчистените канали за наводнување и бараат да се прогласи елементарна непогодода на територија на општина Чешиново-Облешево.

Никакви мерки не се преземаат, ниту од Општината, ниту од водостопанство. Не знам како да влезам да ги ожнеам, а и не можам. Имам 3 ха поплавени под житарица. И со комбајн со гасеници не се влегува, изјави жител на Облешево.

Од општината велат дека надлежност за чистење на каналите е на водостопанство „Брегалница“, а тие како локална самоуправа уште претходно ја констатирале опасноста од поплави. Од водостопанство се со спротивен став.

– Тие мислат на стариот канал, кој е исцеден канал и од кој се цеди водата од оризите. Во истиот канал од страна на општината поставени се цевки за канализација, а како резултат на негово неодговорно одржување е полн со вегетација и од енромните врнежи од дожд дојде до негово излевање. Оджувањето на одводните канали се во надлежност на општинското раководство, изјави Благојчо Богатинов, директор на Водостопанство „Брегалница“.

Во меѓувреме тече и рокот за пријавување на штети од поплавите на домаќинствата и земјоделскиот имот.