[Видео] Република Македонија е нашето име – порача Левица од Кина

Деновиве во Пекинг се одржува Младинскиот форум за развој „МОСТ на иднината”, каде присуствува претставникот од Левица, Марио Јанески. Во видеото кое го објави политичката партија Левица, нивниот претставник во Пекинг потенцира дека ќе го користи единственото државно име Република Македонија и ги замоли присутните да го користат тоа име.

„За време на настанот, организаторите од Н.Р. Кина го користеа името Република Македонија, во духот на нивната политика на соработка помеѓу народите, без мешање во внатрешните работи на државите. Сведоци сме на забрзана промена на геополитичката сцена и единствената визија за соработка меѓу нациите неминовно ќе биде градена врз принципите на меѓусебно почитување- наместо врз уцени, закани и санкции.” – објавија од Левица.