Јанчев: Рудник на смртта во Иловица нема да има!

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија

ДУИ има апсолутна моќ во државава. Имаат контрола врз извршна власт, судство, законодавство, обвинителство и тоа го користат да ја косоваризираат македонската економија со купување капитал со црни пари.

Арно ама кога е во прашање рудникот на смртта во Иловица малку се заебале оти ова не е типичен пример на косоваризација. Во сите други случаи идат учки и купуваат милом или силом капитал и тоа функционира. Функционира оти се судираат со поединечни капиталисти, газди.

Газда ко газда, сам е. На работникот ништо не му менува дали учки ќе преземат фирма, фабрика и на нивни грб ќе се богатат или ќе остане досегашниот газда. Затоа никој не застанува во одбрана на капиталот на газдата.
Од друга страна, ДУИ се глутница и еден по еден си ги мачкаат газдиве на леб.

Ама не и во случајов. ДУИ во случајов не се судира со еден или двајца капиталисти поединечно. ДУИ во случајов се судира со народ.

Во случајов, со отворање на ридникот директно се загрозуваат животите на сите во Струмичката котлина. Рудникот е индиректна закана по живот на жителите на цел Југоисток, а потоа и цела Македонија оти буквално ќе останеме без домашно производство на храна. За што? За некоја си учка и некој си белосветски милионер да копаат руда (народна имовина) и од тоа да прават милиони, а за народот и државата само 2%?

Буквално да се уништи животот на стотици илјади жители за некој да се богати. То ни во научна фантастика не врви. Единствен начин да се отвори ридников е вонземјани да киднапираат 300-400 илјади луѓе од Југоистокот.
Не постои сценарио во кое рудникот се отвара. Рудник нема да има, милом или силом.