Турскиот народ Русија ја гледа како пријател додека САД како непријател

Во Турција, гледиштето и ставот на турската јавност кон САД и Русија се менуваат брзо . Мобилниот истражувачки центар спроведе студија во 24 провинции низ цела Турција,  во која беше истражен односот на турците кон Русија.

Споменатото истражување на Мобилниот истражувачки центар (Gezici Araştırma Merkezi) покажа дека оние кои сакаат добри односи со Русија се 72,8 отсто од испитаниците, додека процентот на оние турски граѓани кои САД ги гледаат како непријател се искачи дури на 90%.

Во својата проценка на резултатите од истражувањето, Мурат Гезичи, раководител на Мобилниот истражувачки центар, за весникот Ајдинлик (Aydınlık) ја даде следната изјава, коментирајќи ги резултатите: „Можеме да кажеме дека луѓето се одалечени од Западот и имаат поголема доверба во Русија“.

Прашањата поставени до учесниците во студијата и нивните резултати се следните:

На прашањето дали Русија е пријателска земја на Турција, 62,6% одговориле потврдно, додека само 24,2% одговориле со не.

На прашањето „дали Турција треба да воспостави добри односи со Русија?“ -72,8 отсто. На прашањето пак „дали Русија ја поддржува турската економија?“ потврдно одговориле дури 62,6 отсто од испитаниците.