Мојсоска: Црвенковски е патриот само за тие што не ја почуствувале бедата на транзицијата

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица

Ги слушам разочараните социјал-демократи од партијата на Максим како говорат дека Бранко Црвенковски бил патриот?!

Бранко кој ја спроведе најкриминалната приватизација, кој ја урниса економската независност на Републиката и ја создаде олигархијата, која потоа стана џелатот на работничката класа. Кој ги остави 300 000 работници на улица, ги зацрни нивните фамилии и го угаси сјајот на некогашните југословенски гиганти.

Бранко може да е патриот само за оние малкуте привилегирани кои не ја осетиле БЕДАТА на транзицијата. И истрошените социјалдемократски политичари (кои сега се продаваат како нова опција) беа директни виновници за креирањето на олигархиската мафија, која 30 години не’ пустоши.