Мециновиќ: Левица станува еинствена опција по објавувањето на коалицијата СДС-ДПМНЕ

  • Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ преку објава на Фејсбук му одговори на Христијан Мицкоски за неговите обвинувања дека некоја трета опција ги разводнува антивладините гласови. Тој потсети на политиките кои ВМРО-ДПМНЕ

„Кога читате како ХМ зборува за некоја трета опција која ги разводнува антивладините гласови, потсетете се:

– дека ХМ на почеток на месецов побрза да стане премиер во Влада заедно со СДС, додека третата опција ги помати водите по кои требаше да крстари бродот на Широката коалиција.

– дека ни пасивни ни активни блокади видовте од пратениците на ДПМНЕ, иако ги најавуваа.

– дека од протестите против францускиот предлог, тема по која општеството имаше унифициран став, се обидоа да направат културно-забавен програм.

– дека наместо да се издејствуваат предвремени избори, постигнат беше договор со новото раководство на СДС да се остават одврзани рацете на градоначалниците на ДПМНЕ и за возврат ДПМНЕ да не притиска за избори.

ХМ, Левица не е трета опција, туку единствена алтернатива на триаголникот помеѓу СДС, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.“