Смилев: Зад затворени врати Општина Велес ја покачи цената за собирање на отпад за 100%
Одлуката на Oпштина Велес да ја зголеми за 100% цената за собирање на отпад предизвика жестоки реакции во јавноста и обвинувања дека на овој начин Јавното комунално претпријатие ги покрива огромните загуби, посебно во бизнис заедницата која бара од градоначалникот Марко Колев да ги врати старите цени.
Советникот од Левица во општина Велес, Игор Смилев предупредуваше во неколку наврати дека оваа одлука е донесена за да се спаси ЈКП Дервен кое поради преголемата вработеност трупа загуби, а и претходеше промена на Управниот одбор преку општинска комисија, а не преку гласање на седница на Советот. Директор на комуналната фирма е Горан Наунчев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
„И така после една толку убаво срочена екипа, си седнуваат, и без јавност и гласност во тесен круг го менуваат дотогашниот Управен Одбор на Титаник, а тој пак како партиско-политичко тело на ДПМЕ согласно Статут си носи одлука незаконски да ја зголеми цената на ѓубрарината за 100%, која потоа на контроверзен, насилнички и вонделовнички начин ДПМНЕ и ДУИ ја изгласаа на 30-тата седница на Совет која траеше безмалку 24 часа, и на која на советниците на Левица им беше одземено правото да ги образложуваат над 30-те поднесени амандмани.
Ова е со цел да се спаси Титаник од слободен пад кон дното и истовремено да ја ублажи финансиската загуба предизвикана од партиските вработувања во овој брод без кормилар за што на приватна Агенција за вработувања беа дадени над 23 милиони денари“, објасни Смилев.