Апасиев: Уставниот суд воведе преседан со кој утре може да биде укинат

  • Фејсбук статус на Димитар Апасиев – Претседател на Политичката партија Левица

Се сеќавате на Законот за ГА-МА, со кој Собранието се стави во улога на суд, по што на Макпетрол му беа исплатени десетици милиони евра… По оспорувањето на Уставен суд, пет уставни судии донесоа Решение за отфрлање на иницијативата поднесена од Левица со брилијантно правно образложение, дека: „законот се исцрпел во својата примена набргу по донесувањето“!?

СУПЕР. Еве замислете си, од позиција на власт, Левица носи Закон за уставни судии каде, во преодни и завршни одредби стои ваква одредба: „Со влегувањето во сила на овој закон престанува мандатот на актуелниот персонален состав на судот“! И законот веднаш влегува во сила.

И некој, после тоа, го оспорува пред Уставен суд. Тогаш, уставните судии ќе немаат правен основ да го оценуваат, бидејќи нели „законот веќе се исцрпел“.

И што останува. Останува да им пратиш специјалци и да ги истераш насила од позицијата која ја узурпираат, а на нивно место да дојдат угледни доктори и професори по право.

p.s. Фала ти Кацарска!

Да не постоеше ќе требаше да те измислиме.