Македонската карате репрезентација освои седум медали на Балканското првенство за деца

На Балканското првенство за деца што оваа година се одржа од 25 до 28 мај во Бар, Црна Гора, Македонската карате репрезентација успеа да освои седум медали од кои три сребрени и четири бронзени.

Сребрени медали освоија: во категоријата -35 кг машки до 10 години Муареми Ајан со четири победи и еден пораз, во категоријата + 50 кг машки до 11 години Камбери Јасин со три победи и еден пораз), додека нашиот женски ката тим (Димитриева, Ѓоргиева, Златковска) 10-11 години исто така го освои сребрениот медал.

Бронзени медали освоија: во категоријата борби + 50 кг женски до 12 години Мила Николова со четири победи и еден пораз, како и Тодор Сутинов во категоријата кати до 11 години.

Во категоријата кати до 11 години Верон Дервиши како и женскиот ката тим (Грозданоска, Којческа, Минговска) 12-13 години исто така беа „бронзени“.

Нашата репрезентација настапи со 102 каратисти, со вкупно 108 пријави по категории. На ова Балканско првенство учествуваа 1345 каратисти со вкупно 1426 пријави од 11 држави.