Народна Република Кина одбила грчко барање за користење на „македонско“

Според портпаролот на грчката партија Нова Демократија, Народна Република Кина одбила користење на терминот „македонско“ од страна на грчка компанија. Според портпаролката Сипраки, Кина во образложението за ваквата постапка наведува дека придавката не може да се користи без дозвола на Македонија.

Кина има долга историја на почитување на правото на самоопределување, која произлегува од марксистичките основи на нивната политика. Доколку ова е вистина, а не спин на опозицијата во Грција, не би било воопшто изненадувачки, иако Македонија непринципиелно го призна Тајван како посебна нација. Сепак, не може да се очекува од друга држава, дури ни народна република, да го брани правото на самоопределување на Mакедонците доколку ние сами тоа не го правиме.