Левица: Ќе дозволи ли ВМРО-ДПМНЕ во Светиниколскиот парк да никнат згради

  • Реакција на Левица – ЛО Свети Николе

На комисиите закажани за денес, се наоѓа предлог-одлука за донесување ДУП со кој се овозможува НИКНУВАЊЕ НА ЗГРАДИ ВО „НОВИОТ ПАРК“ во Свети Николе!

Оваа предлог одлука е од истиот инвеститор што за време на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Тасев узурпираше дел од јавната површина во „Новиот парк“ каде денес има никнато огромна зграда за деловни објекти!

Согласно измените во ДУП се предвидува спојување на постоечките деловни објекти и доградување на нови објекти за домување, со кои продолжува да се узурпира јавната и зелена површни, а паркот од јавна сопственост се повеќе се претвора во сопственост на локалната олигархија!

Левица ГИ ПОВИКУВА СОВЕТНИЦИТЕ од сите советнички групи да не ги поддржат измените во овој ДУП, и потсетува дека ова е една од одлуките за кои граѓаните претходно силно се спротивставуваа, и истата беше донесена преку измама на дел од Советниците (за која сами имаат признаено) дека инвеститорот најавил изградба на базен во новиот парк, по што ставката била преименувана, па наместо ова беше поставена само обрач, мрежа и кош на еден столб наречен кошаркарско игралиште!

СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ!