Левица: Екстрадицијата на убијците најавена од Министерот Лога е охрабрување на тероризмот во Македонија

  • Реакција на Левица – Сектор Безбедност

На денот на загинувањето на полицајците во Диво Насеље наместо оддавање почит, Владата, преку Министерот за Правда, Кренар Лога, најави префрлање на Косово на осудените терористи.

Со скандалозна изјава на Министерот за Правда, Кренар Лога, дадена за радио Слободна Европа беше најавено префрлање на 13-те осудени терористи од Диво Насеље.

Со оваа одлука Владата преку Министерот директно ги омаловажува припадниците на МВР, свесно го слабее моралот на истите и дава јасен сигнал за охрабрување на терористите кои помогнати од домашните предавници и терористи инсталирани во Владата систематски ја дестабилизираат државата.

За да биде иронијата уште поголема Министерот за Внатрешни Работи е без став за ваквото безобразно помагање на терористите од Диво Насеље иако наводно оддаде почит на загинатите.

Во престрелките животот го загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Левица го осудува ваквиот чин и смета дека ова е сериозен удар кон безбедноста на државата. Со вакво омаловажување на Полицијата како и апсолутниот недостаток на почит кон загинатите полицајци оваа Влада само докажува дека фотељата и коалицијата со терористите е поважна од животите на оние кои и ја обезбедуваат власта и се спремни да дадат се за Македонија.