Естонија ќе казнува за славење на победата над нацистите во Втората светска војна

Естонската полиција ги предупреди граѓаните да не носат било какви руски и советски знамиња, разни симболи или пак да пуштаат „агресивна музика“.

Носењето советско знаме или кој било друг симбол кој властите го сметаат за навредлив може скапо да ги чини Естонците на Денот на победата, предупреди локалната полиција. Сите собири што би можеле да се протолкуваат како „ поддршка на агресијата “, се исто така забранети.

Елена Мирошниченко, потполковник на Одделот за полиција и гранична рече дека на луѓето им е дозволено да полагаат цвеќе на гробовите и на спомениците од Втората светска војна на 9 мај, но не треба да носат„симболи што асоцираат на агресија и не треба да слушаат агресивна музика на нивните мобилни телефони. ”

Прекршителите може да очекуваат да бидат казнети до 1.200 евра или дури и да добијат затворска казна.

Таа, исто така, откри дека естонските безбедносни сили внимателно ги следат активностите на социјалните мрежи пред Денот на победата.

Официјалниот претставник ги советуваше Естонците да „размислат што испраќаат “ пред да споделат било какви честитки.