Ердоган: Спремни сме да испратиме хуманитарна помош и преземеме дел од повредените Палестинци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја е подготвена да прими повредени Палестинци од Газа и додаде дека земјата ќе направи напори да го зголеми притисокот врз Израел со цел да обезбеди евакуација на повредените Палестинци од Газа.

Во проделжение, турскиот претседател кој претходно се сретна со дека американскиот државен секретар Антони Блинкен, најави дека САД се отворен за дискусии за зголемување на протокот на хуманитарна помош на преминот Рафах. Ердоган преку овој премин има намера да направи проток на хуманитарна помош до 500 камиони дневно.

Анкара ќе преземе чекори за да обезбеди амбулантни возила, храна, вода и лекови за Газа во соработка со други земји, рече тој, исто така, на враќање од самитот на Организацијата за економска соработка во главниот град на Узбекистан, Ташкент.

За време на овој конфликт, турскиот лидер цврсто стоеше против Израел, нарекувајќи ги окупатори и ги нагласи воените злосторства против човештвото, кои ги прави оваа држава,