Левица: Прва рунда добиена – Законот за работните односи останува блокиран

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денес повторно беше одложена расправата по измените за 60-часовна работна недела!

Поднесените 1.111 амандмани на Левица ја одложија седницата на Комисијата за труд и социјална политика на неодредено и со тоа го спречија скандалозното носење на новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, со кои се воведува корпоративен феудализам.

Остатокот од опозицијата, конкретно пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Комисијата јавно кажа дека од нивна страна активна блокада нема да има. Оваа партија поднесе само ДВА амандмани против ваквите скандалозни измени!

Кога и да се закаже продолжението, нашите двајца пратеници остануваат да се борат до крај!