(Видео) Мицкоски подготвен да оди на лидерска средба за внесување на Бугарите во Уставот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го промени својот став по однос на промената на Уставот и посочи дека е подготвен да ги вметни Бугарите во македонскиот Устав, но како што вели по хрватски терк.

Иако 10-тици пати претходно истакнуваше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за промена на Устав, денеска при посетата на општина Бутел порача дека нивниот предлог за внесување на Бугарите во македонскиот Устав е по хрватски терк.

„Јас сум подготвен да го објаснам овој наш предлог пред секого и секаде. И тука немам никаква дилема, така што ако бидам поканет на една таква лидерска средба без разлика кој ќе ја организира ќе појдам и ќе го образложам овој предлог. Дали таа средба ќе ја организира Пендаровски или Ковачевски тет-а-тет да седнеме“, вели Мицкоски.

Тој прифати да оди и на лидерска средба каде ќе го презентира овој негов предлог за промена на Уставот и внесување на Бугарите во истиот.