Апасиев: Воените злосторства не застаруваат, да си дочекаме и за ОНА
Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев се надева дека по почетокот на судењето во Хаг за Хашим Тачи и останатите водачи на УЧК, ќе почне и процес за воените злосторства сторени од ОНА во Македонија.
„Вчера почна судењето на УЧК во Хаг. Ај па и за водството на ОНА да си дочекаме. Воени злосторства не застаруваат!“ – напиша Апасиев на фејсбук.
Тој потсети на злосторствата направени од терористите на: „Вејце, Карпалак, и случајот со Мавровски Работници.