Регулирано земјоделство и леб за сите
- Став на Никола Петров – координатор на Сектор Земјоделие
Од владата најавуваат дека ќе ги замрзнат цените на земјоделските производи. Причините за високите цени и недостатокот на храна, премиерот и целата влада упорно ги бараат во војната во Украина.
Македонскиот народ премиере не заборави дека во 2001 година имавме војна и на македонска почва. Во 1999 година имаше војна и во Србија, а претходно во раните 90ти поминаа многу војни во нашето соседство. Имавме и ембарго од Грција ако добро се сеќавам, али не можам да се сетам дека храна сме немале доволно, дека ни фалело земјоделски производи или пак дека цените биле толку високи та да не можеме да ги купиме.
Доста со оправдување дека друг ни е крив, единствената причина за недостатокот на храна и високите цени сте вие, вашата неолиберална агенда, вашата сервилност спрема странските интереси и домашните олигарси и тајкуни.
Неолибералната агенда која слепо ја следите го доуништи македонското земјоделство и на питачки стап ги донесе земјоделците. До тој степен го донесовте пазарот што фирмите увознички ги сметаат за непријатели домашните производители на земјоделски производи.
Не смогнавте сили да го регулирате пазарот ниту земјоделското производство, да ги заштитите домашните производители наспроти странските.
Овие мерки на замрзнување на храната за некој денар, наликуваат на фаќање за сламка додека тонеме. А тонеме и тоа постепено, заради вас и вашата долгорочна неспособност, заради вашето отсуство на визија за самоодржливо домашно производство додека ги имаме најубавата почва, сонце и вредните раце на земјоделецот.
Од овој вртолог што не ставивте нема да не извадат тие 4 денари заштеда од макароните. Народот е гладен, а обезбедувањето со храна од домашно производство и по достапни цени е прашање од национален интерес со кое вие немате ништо заедничко.
Вие знаете дека овие се вашите последни месеци на власт. Нови ветришта дуваат на светската политичка сцена кои нема да не заобиколат ниту нас и ќе донесат нова надеж и просперитет за нашиот народ.