БРИКС има повисок БДП според паритетот на куповната моќ од Г7

Податоците на ММФ покажуваат дека економската заедница на БРИКС има повисок БДП според паритетот на куповната моќ од Г7. Ова го откри американскиот разузнавач Скот Ритер, повикувајќи се на анализата на Ричард Диас од „Acorn Macro Consulting“.

Да потсетиме, БРИКС е економска заедница меѓу Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а групата Г7, се состои од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, како и ЕУ како неофицијална членка.

„Ова тврдење не е проекција, туку изјава поткрепена со факти: БРИКС поседува 31,5 отсто од глобалниот БДП според паритетот на куповната моќ, додека Г7 има 30,7 отсто. За да бидат работите уште полоши за Г7, проектираните трендови покажаа дека јазот помеѓу двата економски блока само ќе се зголеми во иднина“, вели Ритер.

За напредокот на БРИКС има повеќе причини. Првата се последиците од пандемијата на коронавирусот. Втората е дека Г7 си „пукаше во нога“ со санкциите спрема Русија, но и дека расте незадоволството од економската политика кај светските економии во развој.

И конечно, на промената на односот на моќта придонесоа приоритетите на Г7, кои се вкоренети во постколонијалната ароганција, наместо во желбата да им се помогне на нациите да го развијат својот потенцијал.

Друга причина за тврдењето на Диас за супериорност на БРИКС е тоа што оваа економска заедница се шири. Има барања за приклучување на Аргентина, Иран, Саудиска Арабија, Турција и Египет.

„Она што ја прави потенцијалната експанзија уште поексплозивна е неодамнешното кинеско дипломатско достигнување во нормализирањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија“, истакнува Ритер.

Сето ова, допринесува за намалување на глобалната доминација на американскиот долар, а економскиот потенцијал на Транс-евроазиската унија промовиран од Русија и Кина, резултира со зголемување на јазот помеѓу овие два економски блока.

Во наредните години, БРИКС треба да го надмине Г7 во однос на реалниот БДП, а не само според паритетот на куповната моќ“, забележува Скот Ритер, поранешен разузнавач на американскиот маринци.