Десет години војна во Сирија

Десет години од првите протести, војните во Сирија се далеку од завршени. Многумина стравуваат дека кризите што ја мачат земјата ќе траат со години, ако не и со децении. Повеќе од 500.000 загинаа, 5,5 милиони се бегалци, а 6,2 милиони се раселени. Еден од двајца млади сиријци (18-25) го имаат загубено саканиот/та, 3 до 4 милиони живеат во ужасни услови, многумина замрзнуваат до смрт на отворено.

На 17 февруари, се случи „спонтаниот“ протест во Соук ал Хамидија, наредните беа во во Дамаск  на 23 февруари, кога Сиријците протестираа пред амбасадата на Либија. Сите такви протести беа забранети. Сепак, моментот честопати означен како почеток на конфликтот беа сириските протести одржани 15 март – Денот на бесот, и демонстрациите во јужниот град Дараа. Всушност, тој ден имаше протести и на други места, вклучително и во Дамаск.

Најавените мирните протести се претворија во брутална вооружена репресија и вооружено востание, ова стана судир без црвени линии! Законите за војување беа намерно игнорирани, последиците беа фатални. 

Таканаречените бунтовници главно беа џихадистички милитанти, додека пак оние кои беа окарактеризирани како „умерените“, со цел да бидат привлечни за западната публика – подоцна се покажа дека такви воопшто и не постоеа. Главната група на „побуненици“ ја сочинуваа Исламска држава во Сирија и Ирак (ИСИС) и Фронтот Ал-нусра како теренска сила на Ал-Каеда. 

Овие две групи главно беа финансирани од најголемиот партнер на САД на блискиот Саудиска Арабија како и делумно од Р.Турција и Израел.

Кога состојбата со проширувањето на ИСИС во Сирија и Ирак излезе од контрола, во 2014-та година „меѓународна коалиција“ предводена од САД почна да извршува воени напади врз позициите на ИСИС. Ваквите дејствија на САД во Сирија се нелегални затоа што за разлика од Русија, коалицијата преводена од САД дејствуваше без согласност на сириските власти. Секако, воздушните напади на САД и коалицијата не беа наменети само против ИСИС туку повремено бомбардираа и позиции на сириската армија. А пак според извештаите на самата „коалиција“, оттогаш до денеска поради нејзините интервенции во Сирија страдале над 1300 цивили.

Империјалистичките воздушни сили бомбардираа училишта, клиники, болници, пазари и домови. ООН известува дека во еден момент приближно половина од сите медицински установи биле оштетени или уништени, а Борците за човекови права документирале 595 напади врз болниците и амбулантите. До 2017 година, Светскиот извештај наведува дека околу 30 проценти од стамбените фондови на Сирија се оштетени од кои 7 проценти се целосно уништени.

Центрите каде беше прибирано мирното населението практично беа ставени под опсади. Хуманитерните мисии, работниците за помош, работниците на ООН беа постојана мета. Исламската Држава (ИД) погуби новинари и хуманитарни работници, застрашувачките видеа ги изложи на интенет.. Етничкото и секташкото чистење се случуваше по цели области.

Но, она што најмногу погодува е влијанието врз децата. На крајот на краиштата, сè започна со апсењето и тортурата врз децата во Дараа. Цела генерација е трауматизирана од насилство и раселување. Детскиот труд е злоупотребуван, а многу девојки беа распродадени во сексуално ропство. Голем дел од нив никогаш нема да се опорават.

Сепак, сето ова не ја раскажува целата приказна. Засегнато е секое семејство. Секој има своја приказна. Ова е земја, општество и народ кој е разбиен. Да ги собереш парчињата ќе треба еден долг процес на обнова, пред сè на самото општество, разрушените заедници, поделените семејства. Кој во кого може да има доверба? 

Постои и опасност дека наместо да се обиде да ја спаси ситуацијата, администрацијата на Бајден ќе се обиде да го игнорира „сириското мочуриште“. Ќе недостаува и, политичка храброст и, финансирање за помош и реконструкција, при што пандемијата Ковид-19 ќе биде обвинета како пречка за излез, кутрата пандемија, за се ќе им биде изговор. Впрочем тоа се покажа и на дело кога минатата година во јуни, САД ги воведе досега најтешките санкции врз Сирија, за кои од Обединетите нации предупредија дека можат да предизвикаат “масовно гладување и уште еден масовен егзодус”. Законот за санкции на САД отворено кажува дека има за цел да ја спречи реконструкцијата на областите кои се под воена контрола на сириската влада, а каде живеат повеќето Сиријци. 

Обновата на Сирија ќе биде огромен предизвик, но мора да се прифати. Поддржувачите на империјализмот мора да прифатат политички промени и поинаква прераспределба, ако барем имаат барем малку човечко во себе, за помош, за реконструкција. Сепак, циглите и малтерот не претставуваат најголем предизвик. Проблемот е како Сиријците повторно ќе научат да живеат едни со други, заедно. Во  земја со многу повеќе идентитети, нови етникуми, секти, племиња и градови. Ткаенината на општеството треба уште еднаш внимателно да се крпи.

Во времето кога Барак Обама бил на власт, постојано ги прашувал своите службеници: „Како заврши?“ – Толку години подоцна тоа прашање сè уште е актуелно и, не сме поблиску до добивање на одговор. Најголемата трагедија ќе биде ако истото прашање го поставиме и по 10 години.