Масовна поддршка за борба против САД и империјализмот во ДНР Кореја

Околу 800.000 работници и студенти на Демократска Народна Република Кореја доброволно потпишаа дека се спремни за борба против Соединетите Американски Држави и империјализмот.

Во екот на новите заеднички воени вежби кои ги одржуваат армиите на САД и Јужна Кореја и се позаострените односи со ДНР Кореја, на 17 март, речиси милион луѓе покажаа дека се подготвени да се спротивстават на секое потенцијално нарушување на суверенитетот и безбедноста на оваа земја.

Членовите на младинските здруженија и студентите ширум земјата одржаа волонтерски состаноци, вооружени со класна свест и нескротлива волја целосно да ги збришат капиталистичките воени манијаци и да ја реализираат големата цел и судбина на корејскиот народ – националното обединување.

Во неделата, бројот на млади луѓе кои доброволно се пријавија за Народната армија надмина 1.400.000, бидејќи незадоволството и гневот против како што велат „американскиот окупатор и нивните марионети од Сеул“ се се поголеми.