Шилегов најави дека булеварот во Визбегово ќе биде именуван по националистот и фашистички колаборатор Хасан Приштина!

Она што локалните власти не успеаја да го остварат во мандатот од четири години, одлучија да се обидат да го направат во последниот месец пред изборите. За она што не успеаја да го направат, следува порција ветување дека ќе биде остварено во наредниот мандат. 

Политичарите занесени од потребата да се остане на власт по секоја цена, често се принудени да бараат нови неславни начини за додворување на гласачите. Во недостиг на креација, следуваат решенија кои го потхрануваат национализмот, бидејки е проверено дека тој секогаш е мотиватор за да се гласа.

Откако најновите анкети укажуваат дека актуелниот градоначалник на Скопје има сериозен проблем со поддршката од гласачите, тој се одлучи на постапка за која верува дека ќе создаде симпатии кај припадниците на албанската етничка заедница, најавувајќи дека „Југословенската магистрала“ ќе биде заменета со нов булевар „Хасан Приштина“. За ова решение, како што вели Артан Груби, тие со Шилегов се договориле за две минути и веднаш ги обезбедиле средствата од државниот буџет со годинешниот ребаланс.

Многумина во Македонија не знаат за животното дело и заложбите на Хасан Приштина.

Накратко, Хасан Приштина заедно со Качака Азем Бејта, Беќир Реџа, Хусни и Бајрам е еден од водачите на албанските качачки банди, кои ја застапуваа идејата за создавање на Голема Албанија. Уште во ноември 1918 година во Скадар од нивна страна е формиран од „Комитетот за национална одбрана на Косово“, 

Во текот на 1919 и 1920 година, комитетите го поттикнаа албанското население за кревање востание против Кралството СХС. Хасан Приштина отворено повика на убивање на неалбанското и словенско население, како на косовската така и на македонската територија, нарушувања на безбедноста, правење акти на саботажа, како што се уништување железнички и телефонски линии.

Ова беше посебен проблем за властите на Кралството во овој период, качаците непрекинато „дејствуваа“ а нивната структура беше логистички поддржана од италијанските фашистички движења во 1919 година.

Албанските Качаци и Хасан Приштина соработувале и со бугарските националисти. Во ноември 1920 година, Косовскиот комитет и Бугарската страна постигнаа договор за временската рамка координација на вооружените дејствија против властите во Македонија и Косово, но и за создавање на „Идна граница“ меѓу Бугарија и Албанија. 

Алијансата на овие две организации дополнително била консолидиран и разреден на состанокот во Валона во јануари 1924 година. Тогаш било договорено да се крене востание против Кралството на Србите, Хрвати и Словенци во март истата година, но овој план пропадна откако бил откриен од безбедносните служби на Кралството.