АктуелноЛокално

Аврамовска: Немам за што да пофалам локалната власт на ДПМНЕ, и понатаму одат со неказнивост на претходниците

  •  (Дел од гостувањето на советничката на Левица во Советот на Општина Охрид – Виолета Аврамоска)

Искрено не можам да ги пофалам ниту локалната власт, ниту градоначалникот. Прво и основно, значи пак ќе се повторам како што се повторувам на секоја седница, не можам да пофалам некого што и понатака оди со неказнивост и небарање одговорност. Градоначалникот имаше ингеренции уште кога дојде на функција да повика финансиска полиција во Општина Охрид, да побара ревизија на работењето на претходните градоначалници за да ги видиме кои ги направил долговите. Меѓутоа, тоа не се случи. Зошто? Не знам.

 Јас постојано размислувам дека ако никој не бара одговорност од никого, значи дека можеби си прават алиби во иднина за прикривање на сопствениот криминал. Тоа според мојата логика е така. И мене ми пречи, таа неказнивост и кај СДС и кај ДПМНЕ. Како да постои некој премолчен договор помеѓу нив за да се амнестира криминалот и корупцијата во општинава.

Сега факт е дека корупцијата е рак-рана нас во системот во општеството. И сега ние никогаш не бараме одговорност од никого. Не можам ништо позитивно да издвојам од владеењето на локалната власт, не е она што го очекував дека ќе биде. Значи она што беше ветувано предизборно и она што ни беше ветувано на сите и од градоначалникот и од локалната власт, не е тоа што очекував, катастрофа невидена.