Новата студија открива како всушност изгледал Ötzi- Ледениот човек, најстарата мумија во Европа

Новата ДНК анализа на Ötzi Ледениот човек, најстарата човечка мумија некогаш откриена во Европа, открива нови фасцинантни детали за тоа како тој всушност изгледал.

Неколку децении по откривањето на Ötzi – Ледениот човек, познатата глечерска мумија која беше откриена на италијанските Алпи од страна на планинари во 1991 година, научниците повторно ја истражуваа неговата ДНК за да направат попрецизна слика за античкиот ловец. Новиот рафиниран антички геном извлечен од коската на колкот на Ötzi претставува нова перспектива на неговиот вистински изглед.

Спротивно на конвенционалните претстави за него со долга, разбушавена коса и бледа кожа, новата анализа сугерира дека тој најверојатно имал многу малку влакна на главата, темни очи и многу потемна кожа отколку што се мислело.Студијата, исто така, утврдува дека Ötzi главно потекнувал од фармери од денешна Турција.

Во септември 1991 година, германски планинари високо во Оцталските Алпи, италијанска долина во близина на границата со Австрија, налетаа на шокантно откритие: замрзнат труп заробен во мразот.Посмртните останки му припаѓале на човек кој умрел пред околу 5.400 години, жртва на напад со стрела на грбот.Покрај телото биле откриени остатоци од облека и опрема, вклучувајќи бакарна секира, долг лак и капа од кожа од мечка.

Наречен Ötzi, по долината каде што беше пронајден, откритието на ледениот човек ја воодушеви глобалната имагинација, обезбедувајќи невидени увиди во древните европски цивилизации и овозможувајќи им на научниците неспоредлив пристап до минатото.Енигмата околу неговата насилна смрт, неговиот идентитет и околностите на неговото присуство на еден планински премин предизвика интриги кои се протегаат далеку од областа на археологијата.

Од 1998 година, Археолошкиот музеј во Јужен Тирол во Болцано, Италија, го сместува неговото тело во специјална единица за ладни ќелии.Претходниот нацрт на геномот на Ötzi беше објавен во 2012 година.

Но, истражување на ДНК оттогаш напредуваше, па научниците решија уште еднаш да ги разгледаат гените на ледениот човек, објасни авторот на студијата Јоханес Краузе, генетичар во германскиот институт за еволутивна антропологија Макс Планк.Ажурираниот геном „дава подлабок увид во историјата на оваа мумија“, рече Андреас Келер од германскиот универзитет во Сарланд, кој работеше на претходната верзија, но не беше вклучен во најновата студија.Врз основа на новиот геном, изгледот на Ötzi кој починал на околу 45-тата година од својот живот, бил многу сличен на мумијата денес.„Темен е и нема многу влакна на него“, вели авторот на студијата Алберт Цинк, раководител на Институтот за студии на мумии во Eurac Research во Италија.

Научниците претходно мислеа дека ледениот човек е со посветла кожа и повлакнест во животот, но дека неговиот мумифициран труп се променил со текот на времето. Неговото потекло сугерира дека живеел меѓу изолирано население на Алпите, рече Зинк.

Повеќето Европејци денес имаат мешавина од гени од три групи: фармери од Анадолија, ловци-собирачи од запад и сточари од исток. Но, 92% од потеклото на Ötzi е само од земјоделците од Анадолија, без многу мешање од другите групи.