Кукулев: Не бе брат – не ти требаат руски рубљи за да знаеш кој си!

Новинарот и публицист, Александар Сашко Кукулев од Велес, автор кој вниманието на македонската публика го привлече со сагата за вечното почивалиште на велешкиот учител Панко Брашнаров, неколку радио драми, документарни филмови, меѓу кои сценариото за “Последниот Македонец – патот до истребување, преку својот ФБ профил, им порача на властодржците дека нивното насилно наметнување на нешто што никогаш нема да го прифати македонскиот народ, освен што е глупо, бесмислено и опасно!

Во продолжение ви го пренесуваме во целост постот на Кукулев:

Не бе брат… не бива вака со пресинг… не бива со напињање… со ебење у сива маса… у Велес викаат Го фанале Васила го онадиле насила..сврти се наоколу… види и ќе ти биде јасно, го живееме моментот на она војничено што исплашено лежи во жбунот, на почетокот на војната во Словенија. Они као пуцају, ми се као бранимо… викаше меѓу две воздишки и желбата да си оди дома. Дваесет и први век е. Технологијата отиде во вселенето шо викаше еден професор по руски… не можеш туку така да му убуташ на човек работи што организмот, крвта… битието не му ги прифаќа. Мислам глупо е сега ти од позиција на седнат, да ми кажуваш мене што треба да мислам за себе… за својот јазик, за својаа историја , за своите предци и своите гробови..

И сеа ќе се лажеме, низ пресови и платени медиуми ќе си играме кој кого ќе заебе…

Мислам… стварно глупо е…

Глеаш не оди… па закочи маме му хебем, диши… испуши една цигара. Помисли дека огромна е можноста да не си во право. Децата ги испотресовте, си иде дома и во предплачно расположение прашува дали ќе бил бугарин или каков јазик ќе зборуел од утре… Без никакви критериуми формираш комисија од седум души која у историја се разбира као Марица у тврд К. и од неа правиш врховно законодавно тело шо одлучува за нашето минато, а со тоа и нашата иднина… не така бе брат!

На овој му викаш не си исто со првиот ти братучед во Лерин… во Воден… па јазикот имал дијалекти ама само на овие 25.100 км квадратни… јазик без дијалекти е као црква без монаси бе брат… иритира бе брат… нервира…

Не ти требаат руски рубљи за да знаеш кој си. Ја не викам дека некаде у твојот мозок ти не мислиш дека ова што го правиш е исправно, мислиш дека си визионер и до тебе е, ти ќе ја решиш. Не бе брат. Џабе ти е, и инквизиции да воведеш не можеш да натуриш нешто што не оди. Лето е бе брат…се е по плажи кинисано..само ние у темниов вилает живееме у идиотизам А најтажничко е ова со недавањево… јас сум постар па се сеќавам… прво знамето со кутлешот не го дававме па ни го сменија,после тоа беше Љубе не го даваме… и додека не го дававме го однесоа у Хаг… после Јохан не го дававме па и него го однесоа, после се пењавевме името не го даваме… и него ни го однесоа… после историјата не ја даваме ама учебниците друг ќе ни ги пишува… сега еве и јазикот не го даваме…. се што не дававме се отиде у кјурац!

Не глеаш дека патот до Охрид абер нема,ќораво инвестицииче нема влезено, цените отидоа у сто кјурца нагоре, а тебе сеа ти е најважно плоча да ставиш на калето во Охрид дека Самоил бил бугарин. Мислам… ми нема смисла…

Која и да е целта… глупа е и народот не ја прифаќа… Како да ти кажам…

И сеа ако не било вака као шо викаш, јас сум бил контра ЕУ. Глупости! Па ние сме за ЕУ уште од време кога ти можда се тепаше у собрание да остане иконографијата од девеесеттите… Во ЕУ ама човечки… со барем малку достоинство… И те молам брат… немој само да почнеш со достоинството не го даваме, оти тогаш дури ќе знаеме дека ептен ќе не нема…

Ај па се глеаме..