Студентски отпор: Незадоволни сме од игнорантскиот однос на институциите

  • Соопштение на Студентски отпор

Почитувана јавност, почитувани медиуми

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци.

Ги потсетуваме одговорните и надлежните дека ние немаме намера да се откажеме се до целосно исполнување на нашите барања:

  • Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
  • Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
  • Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
  • Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
  • Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
  • Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
  • Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
    -Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
  • Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

Воедно ја користиме приликата да ги охрабриме и повикаме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината.

Притоа напоменуваме дека ќе делуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства.