Поддржувачите на Трамп повикуваат на уривање на целиот монетарен систем, доколку тој биде уапсен

Доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп биде уапсен, неговите поддржувачи повикаа на заедничко повлекување на своите заштеди од банките.

Трамп е под обвинените од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, кој презентираше докази пред големата порота за наводна исплата од 130.000 долари, кои и биле дадени како подарок на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Кога во исто време голем број клиенти би ги повлекле своите средства од банките би предизвикале сериозна криза во монетарниот сектор, предупредува „Њусвик“.

Еден од поддржувачите на Трамп, Винсент Сатива, рече дека таквата стратегија е брилијантен и генијален начин да и се покаже на нацијата колку Американци сè уште го поддржуваат Трамп.

Пребарувањата на интернет по потенцијална банка која би била цел на напад со повлекување на средствата се зголемиле речиси четирикратно во периодот од неколку дена, покажуваат анализите на компанијата „ГВИ“, пренесува „Њусвик“.

Весникот потсетува и дека иницијативата на поддржувачите на Трамп доаѓа во моментот на колапсот на банката СВБ, што предизвика големи шокови низ американскиот финансиски систем.

Имајќи предвид дека системот е на несигурни нозе, некои аналитичари посочуваат дека „сега не треба многу, за да се урне целиот монетарен систем“.