Исмаил: Најголема борба на жените е борбата против сиромаштијата

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Член на президиумот на Левица

Самопрогласениот Поглавар на ЛГБТ+ заедницата, чиј ЛГБТ центар, кој, на времето, НАТО-вци му го отворија во скопската џаршија (на непосредна близина од среде џаршиската џамија) – да може овој, тогаш млад господин, за туѓа агенда, преку платен активизам, да се обраќа од име на сите лица од овие категории, од кои пак ниту е избран а ниту ополномоштен.

Патем, центарот му е демолиран од група хулигани собрани околу денешниот вице премиер (значи врвот од државната власт), ама ЛГБТ поглаваров, не протестира со пароли против овој висок функционер, туку се занимава со тоа како Левица, откако го “украла” (демек е во нечија сопственост) брендот на левицата, и сега исто така го крадела брендот на АФЖ…а притоа на протест (реално, дефиле) од нигде никаде се избацува со плакат на кој паролашки бара да одјебела црквата?!

Пресветол ти коча улема на ЛГБТ+, прво, престанете да ги искористувате ЛГБТ лицата за свои лични лукративни интереси на вас шака мала групица. Оти бетер од МПЦ и ИВЗ сте у тоа.

Второ, мислиш дека македонскиот народ заборави дека вашата тесна група беше во првите редови на ордата за пропаганда за промена на името на државата? Не, не заборавиле, само што ти и твоето друштво направивте лажна претстава дека сите лгбт лица се предавници ко вас.

Трето, АФЖ хероините, освен што беа анти-натовски, тие на времето се бореа и против грчките монархофашисти исто како и против бугарските фашисти пред кои вие денес се клањате. Затоа одјеби и од тука, АФЖ е традиција на Левица, исто како и НОБ, АВНОЈ и АСНОМ.

И четврто, излези од дома и види на улица дека жената има многу голем проблем со сиромаштија, а многу помалку со тоа дали се чувствува како жена или можеби некако друго…

“Класната борба е борба на жената, борбата на жената е класна борба” – вели Роза Луксембург, социјалистка која беше убиена од страна на атлантските социјал демократи.