Левица: Нова канцаларија во Велес – каузата расте

  • Соопштение на Политичката Партија Левица

За да се одговори на потребите на народот, вчера Локалниот огранок на #Левица во Велес свечено ја отвори новата канцеларија, како поради постојаниот прилив на нови членови така и за непосреден контакт и артикулација на проблемите на населението.

На вчерашниот настан присуствуваа претседателот на Левица Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, членот на Президиумот Јован Крајевски, членови на Централниот Комитет, како и гости од повеќе градови на Македонија заедно со нашите другари и другарки од Велес.

Покрај свеченостите, претседателот Апасиев се осврна на престојните предизвици и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието, и што тој зголемен капацитет ќе значи за одбраната на националните и класните интереси на македонскиот народ.

Модераторот на ЛО Велес Димитар Абрашев нагласи за наглиот пораст во членството за чии потреби се отвори нова канцеларија, за понатаму да се осврне и на работата во Советот на Општина Велес во кој со тројца советници на Левица ја зголемија транспарентноста и вложуваат максимални напори во интерес на велешани.