Левица: Судско-обвинителската династија на СДС-ДУИ-ДПМНЕ го руши правосудниот систем

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Најновата ранг-листа, објавена од Академијата за судии и јавни обвинители, на кандидати кои положиле и ќе бидат следните судии и обвинители, само дополнително ја поткопа довербата во судскиот систем.

Најновата ранг-листа, објавена од Академијата за судии и јавни обвинители, на кандидати кои положиле и ќе бидат следните судии и обвинители, само дополнително ја поткопа довербата во судскиот систем.

Понатаму, сопругата на сегашниот градоначалник на општина Аеродром од редовите на ДПМНЕ, Тимчо МУЦУНСКИ е една од кандидатите од оваа листа. Династијата Муцунски започнува уште со неговиот татко, Звонко Муцунски, кој е дипломат од кариера во МНР. Неговиот син, Тимчо Муцунски, во 2015 година незаконски беше избран за асистент-докторант на Правниот факултет “Јустинијан Први”.

Тука е и сопругата на актуелниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази – Албулена АБАЗИ, која е 51-ва на ранг листата. И таа, како и Барлет Џафери, ќе биде јавен обвинител.

Наместо воспоставување систем на професионализам и отстранување на непотизмот, кој 30 години како метастаза се шири и ја намалува довербата во судството, се бираат кандидати за судии и обвинители и се прават недопирливи династии. Од друга страна, се создава плодна почва за судии и обвинители од “тефтерчиња”, кои нема да го гонат криминалот и корупцијата на роднинско поврзаните функционери.

Очигледно е дека политичката култура на деградирање на владеењето на правото е заеднички креирана од СДС-ДУИ-ДПМНЕ, преку обезбедување гаранции за неказнивост на нивните криминали, кои секојдневно се трудат да ги скријат или застарат.