„Бес против воената машина“ – Анти НАТО протест во Вашингтон

Во Вашингтон се одржa антивоен протест наречен „Бес против воената машина“, а организаторите бараат мир во Украина и прекин на американската воена помош за Киев. Протестот беше организиран од Слободарската партија и Народната партија пред споменикот на Линколн во Вашингтон.

„Демократите и Републиканците ја вооружија Украина со оружје и воена помош од десетици милијарди долари. Војната уби десетици илјади луѓе, расели милиони и не’ турка кон вотрета светска војна. Стоп за финансирањето на војната“, се наведува во прогласот на организаторите.

Протестирачите додаваат дека САД „ја поттикнале војната во Украина со државен удар против демократски избраната влада во 2014 година и го саботирале мировниот договор меѓу Русија и Украина во март 2022 година“.

Според нив, конфликтот во Украина дополнително ја забрзал инфлацијата и цените на храната, горивото и енергијата, што доведува до зголемување на стапката на сиромаштија, како во САД така и во остатокот од светот.

Тие повикуваат и на раскинување на пактот за НАТО, порадит тоа што „неговото проширување кон границите на Русија предизвикало војна во Украина“.