Владата цела година одбива да воведе регулирани цени во приватните болници

Статус на претседателот на Левица – Димитар Апасиев.


Година и кусур после епидемија, при прогласена кризна состојба на целата територија на Републиката, сред најсмртоносниот трет бран на вирусот – Владата (штитејќи нечии бизнис-интереси) упорно одбива да воведе РЕГУЛИРАНИ ЦЕНИ на приватните болници, со цел намалување на екстрапрофитите во услови на здравствена криза!?

Па така, имате сцени кога полумртви, дехидрирани и исцрпени наши сограѓани, кои со висока температура, гушење и јаки симптоми на ковид не биле примени на државните клиники – буквално чекаат во кола, на паркингот пред приватните болници, додека нивните роднини не покажат 15.000 ЕУР депозит на сметка! Петнаесет илјади чуми да ве фатат, багро една корумпирана ратно-профитерска.

p.s. И ова, Филипче го вика организиран „здравствен систем“!?

Година и кусур после епидемија, при прогласена кризна состојба на целата територија на Републиката, сред најсмртоносниот…

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, 23 March 2021