АктуелноИнтернационално

Првиот човек на НАТО со катастрофална продажба на стратешки објект

  Во 2009 година, додека премиер на Норвешка беше Јенс Столтенберг, норвешките политичари одлучија дека Русија повеќе не претставува значителна закана по западот и дека е време Норвешка да ја продаде својата тајна база наречена Олавсверн, која беше издлабена во планина и опремена со најсофистицирана електроника. Оваа база се  наоѓа во близина на малиот град Рамфјорд во близина на границата со Русија.

Продажбата на Оласверн беше долго подготвувана и владата го стави на продажба на норвешки сајт еквивалент на eBay. Дури и тогаш, овој „уникатен имот“  со вкупна површина од 948.900 квадратни метри, не успеа да ја достигне цената од 105 милиони круни (12,1 милиони евра) на која се надеваше владата. Но на крајот, таа беше продадена на бизнисмен по име Гунар Вилхелмсен за 38,1 милиони круни (4,4 милиони евра).

 Откако сопственикот Гунар Вилхемсен започна да ја изнајмува базата на флота руски истражувачки бродови, норвешките војни стратези пројавија загриженост и побараа одговори од сопственикот. Вилхелмсен не одговори на нивното барање туку се огласи на својата веб-страница, Тој ги велича можностите на Олавсверн како објект, рекламирајќи планинска фабрика од 25.000 квадратни метри со кеј со длабоки води од 3.000 квадратни метри (и 124 спални соби).

 Аналогно на сета оваа загриженост од војните стратези, од неодамна пристигна и бродот Академик Немчинов, кој и припаѓа на Севморнефтегеофизика, руска геофизичка компанија која е специјализирана за сеизмичко мерење во длабоки и плитки води.
Сеизмички истражувачки бродови во друга земја не се невообичаени. Но, Севморнефтегеофизика не е било која компанија за сеизмичко истражување: Таа и Гаспром и мноштво други фирми во целосна или делумна сопственост на Кремљ. „Руските истражувачки бродови се дел од морската моќ на руската влада“, објаснува Горан Фриск, пензиониран врвен командант на шведската морнарица.

„Најважната задача на руските маринци е да се погрижи нуклеарните подморници на земјата да можат слободно да се движат во светските океани. Руските истражувачки бродови не се шега. Несфатливо е дека норвешката влада може да направи таков гаф“ да го продаде овој значаен воен објект, а притоа да не ги согледа последиците.

 Според Фриск, руски истражувачки бродови во близина на шведскиот, финскиот и норвешкиот брег, исто така, откачуваат мини-подморници за подготовки за надзор и војување и го истражуваат морското дно и хидрографските услови. Навистина, за време на минатогодишниот лов на подморници во архипелагот Стокхолм, мистериозно се појави рускиот истражувачки брод Професор Логачев, за кој очевидци изјавиле дека влече некаков предмет- подморница. Осомничената подморница никогаш не била пронајдена. Интересно е што премиерот кој ја водеше продажбата, Јенс Столтенберг, сега е генерален секретар на НАТО.

Сега, колку и да сака владата да го врати овој објект во сопственост на државата, нема да може, Вилхелмсен е тој што одлучува. И нема индикации дека е подготвен да продаде.