(Видео) Мојсоска: Левица е под медиумски бојкот поради блокадата на коруптивниот закон
Јована МОЈСОСКА за штетниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиуми, кој беше блокиран од пратениците на Левица
„Нашите пратеници поднесоа 1.300 амандмани за да го блокираат овој штетен закон, за кој и експертите тврдеа дека е нарушување на слободата на медиумите. Овој закон беше враќање на јавните кампањи од времето на Груевски и се предвидуваше 80% од буџетското финансирање да оди за националните телевизии.
Јас во догледно време не очекувам некој од Левица да се појави на националните ТВ. ВМРО-ДПМНЕ не го блокираше овој закон и си ги стави партиските ИНТЕРЕСИ пред државните.
Левица покажа дека е ПРИНЦИПИЕЛНА и ние како единствена “анти-европска” партија останавме да ги браниме европските вредности.
Кога се спасени принципите – сѐ е спасено.”