Државата останува без лекари – Се затвораат цели болнички оддели

Не само што лекари ја напуштаат Македонија и заминуваат на работа во странство, туку и некои болници низ државата се соочуват со затворање на цели одделенија поради недостиг на медицински персонал. Битолската клиничка болница остана без Инфективното одделение. Детското одделение во Охрид работи само како обична амбуланта бидејќи остана без педијатри.

„Има болници кои за жал затвараат одделенија. На пример клиничка болница Битола. Тоа е голема болница која има недостиг на кадар. Тоа е сè непланирано седум години претходно. За да имаш готов специјалист да води оддел потребно е шест години тој да биде едуциран. Не може од денес за утре да се направи специјалист…“, рече Калина Гривчева Старделова- претседател на Лекарска комора на Македонија.

Дефицит од лекари има и во струшката и охридската болница. Во Струга нема дерматолог. Недостасуваат ренгенолози, а останати се само двајца микробиолози. Има тројца интернисти. Нема епидемиолог, ниту лекари по трудова и социјална медицина. Слично е и во охридската болница.

„Ревматолог немаме и немаме каде да се обратиме. На офтамологија се двајца лекари. Едната колешка е на породилно. На кожно се две, од кои едната колешка е пред пензија. На анестезиологија има дефицит. Останати се само две. На радиологија треба да има повеќе бидејќи се работи и компјутер, има и сменска работа. На физикална терапија се само две колешки. На очно се исто само две. Едната е пред пензија. Каде и да се свртиме имаме дефицит на кадар“, нагласи Виолета Мицкоска- лекар од Охрид.

Во земјава не постои интитуција која го брои одливот на млади лекари во странство. Од Лекарската комора немаат точен број, но нагласуваат дека 232 матични лекари имаат над 60 години, па државата може се соочи и со недостиг на таков кадар. Од Здружението пак, на лекари Албанци минатата година за Алсат соопштија дека во последните пет години повеќе и од 300 лекари Албанци заминале на работа во странство./Алсат.мк

Преземено од voxstruga.mk – Мики Трајковски