Министерот не обезбеди лек пациентот почина!

Почина Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза, кој скоро две години беше буквално мафтан дека лекот ќе го добие, но за жал за тоа институциите немаа слих и вчера Благојче ја изгуби битката со болеста. 

Реакциите во јавноста, очекувано беа остри па дури и гневни кон Владата и посебно Министерот за здравство, Беким Сали. Се бара оставка од Министерот, а денеска е закажан и протест во 14:00 ч пред Владата, организиран од страна на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ), кои реагираа дека Македонија го прекршува и гази основното човеково право, правото на лек и живот.

„Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли!“, „Ако има лек, а државата има пари и не го купува, а лекот го бараат од 2020–та година, кога беше уште ‘срцето планина’ (Филипче) министер – државата е убиец“, беа само дел од реакциите на социјалните мрежи.

На тапет беше и тргувањето со министерското место во здравство, со кое раководи Алтернатива, а треба да прејде во рацете на Алијанса за Албанците: „Се’ додека министерската фотелја во здравството се тргува ко вреќа компири на пазар, ќе снема и матични лекари, не специјални терапии. После може само по ‘Фејсбук’ да се лечиме“, стоеше во една од реакциите на социјалните мрежи.

Да се потсетиме дека лани, токму пациентот кој вчера почина од цистична фиброза, Благојче илиевски, беше на средба со Претседателот Пендаровски, каде во име на пациентите со оваа болест, побара слух од институциите за обезбедување на нивниот лек. Претседателот Пендаровски тогаш, пред камерите рече дека тој лично ќе се заложи да се обезбеди лек за овие пациенти, но тоа сеуште не се случило и за жал ја имаме првата жртва од оваа ретка болест за која сепак има лек.