Процесот на дедоларизацијата е започнат и не може да запре

  • Фејсбук статус на Проф. д-р Дејан Трајковски – Редовен Професор на Универзитет “Св. Климент Охридски” – Технички Факултет – Битола

Сите банки во светот, коишто работаат со американски долари, имаат свои доларски сметки во американски банки. Сите телеграфски (SWIFT) трансфери на американски долари мораат исто така да поминат преку американски кореспондентни банки. Освен готовина, не може практично ништо да помине без контрола од САД.

Ова е многу сериозна работа и еден од главните лостови на американската хегемонија, што ги држи во потчинетост државите од целиот свет. Доларот одамна стана токсична валута за сите независни земји, па воопшто не е изненадувачки што светот започнува да се буди. Прв чекор ќе биде меѓусебно тргување и плаќање помеѓу големите држави во нивните национални валути.

Кина веќе започнала да издава фјучерси за сурова нафта деноминирани во јуани, со цел понатаму да може и да се плати нафтата во јуани. Саудиска Арабија исто така се спрема да прифати јуани за својата нафта, што нема да им се допадне на САД. Други земји исто така преземаат чекори да го заобиколат американскиот долар во меѓусобната трговија, со помал или поголем успех. Некои поминаа многу лошо, доволно е да се присетиме како помина Гадафи и неговата земја, само затоа што започна да ја продава нафтата во друга странска валута.

„Дедоларизацијата“, односно процесот на напуштање на американскиот долар ќе биде долг и мачен, ќе трае најмалку 10-20 години, но повеќе не може да запре. Оној момент кога никој нема да го бара американскиот долар, како и нивните обврзници (пари креирани од воздух), при задолженост од преку 31 трилион долари (130% од БДП), ќе настапи крахот на американските финансии, а веројатно и нивната економија. Прашањето не е „дали“, туку „кога“ ќе се случи колапсот, а тој секогаш се случува без најава. Првите пукнатини веќе се забележуваат, а времето полека им истекува.