(Видео) Апасиев до Спасовски: Вие раководите со партиска, а не со државна полиција

Контра – реплика на пратеникот од Левица Димитар Апасиев кон министерот Оливер Спасовски. Во својот одговор, пратеникот Апасиев се осврна на случајот од 2017 година, кога активисти од Левица противуставно беа лишени од слобода поради анти-НАТО транспарент.

„Ви го споменав единствениот случај кој МВР го изгуби пред Уставниот суд. Уставниот суд, прв пат во историјата, ви кажува дека ваши полициски или параполициски структури непрописно апсат и се изживуваат врз анти-милитаристички демонстранти и МВР не ги казнува.

Ако Внатрешната контрола била независна, за овие седум униформирани полициски службеници кои Уставниот суд ги легитимира, ќе имало санкции.

Тоа покажува дека Вие раководите со партиска, а не со државна полиција.”