АктуелноЛокално

Бугарска работа: На бугарскиот амбасадор му бил завршен мандатот

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера спектакуларно објави дека го повлекува бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, во знак на протест за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков и поради непочитување на правата на Бугарите во земјава.

А всушност, како што стојат работите, амбасадорот Ангелов секако требало да си оди од земјава затоа што веќе му биле изминати 4 години од неговиот мандат во Македонија.

Ангел Ангелов како новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија ги предал копиите од акредитивните писма на 7 декември 2018 година што значи дека тој веќе петта година ја вршел функцијата бугарски амбасадор во Скопје, а мандатот на бугарските амбасадори во светот трае 4 години.

Ангелов во Скопје е заменет од вршител на должност кој има слични ингеренции како и именуван амбасадор.

Извор: Инфомакс