Мециновиќ: Политичката елита не може да одговори на предизвиците на нашето време

Во емисијата ‘‘Утрински печат‘‘ со новинарот Срѓан Ивановиќ, гостуваше портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, кој зборуваше за повеќе актуелни теми. Неминовно, Портпаролот беше прашан за идните можни коалиции на Левица, за што тој одговори дека се поверојатно е во иднина да видиме и јавна коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Иако, можеби можеме да повлечеме некоја паралела помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ како опозициски партии, но како што поминува времето таа паралела е поматна и знак еднакво може да се стави помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот полар-опозит СДСМ.

Во продолжение Мециновиќ додаде дека односот кон Бугарија кој го имаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека овие партии водат политика со која се нарушува и губи македонскиот суверенитет.

Во континуитет Левица две години повикува на прекин на преговорите со Бугарија, не од било кој друг мотив туку затоа што знаеме од политичка интуиција каде водат овие работи. Водат до нарушување и губење на суверенитетот на Македонија. Тоа значи дека институциите и гранките на власт нема да можат сопствениот суверенитет и своите функции да ги извршуваат.

Портпаролот на Левица констатираше дека владејачките елити располагаат со политичари кои немаат никакви капацитети и заради тоа наместо да креираат сопствена политика, тие едноставно слепо ги следат инструкциите добиени од амбасадите на Западните земји.

Се повеќе ќе гледаме дека нашите политичари ќе станувааат кратковиди, а амбасадорите се повизионерски настроени. Затоа што нашите политичари не можат да одговорат на предизвиците на нашето време на оваа историска рамка.