Мециновиќ: СДСМ од Македонија направи протекторат управуван од „гувернери“ на странските амбасади

Портпаролот на Левица Амар Мециновиќ со новинарот Срѓан Ивановиќ, разговараше во емисијата „Утрински печат“ каде беа продискутирани видувањата на партијата Левица за улогата на странските амбасади во македонското општество.

По ова прашање, Мециновиќ констатираше дека се повеќе гледаме како нашите политичари станувааат кратковиди, а амбасадорите се наметнуваат како донесувачи на решенија во име на македонскиот народ.

Не може дури ни да им се земе на зло, просто можеби материјалните услови се такви. – И веќе е време да се признае дека ние сме една форма на протекторат која се управува од гувернери на странските амбасади. Затоа што очигледно легитимитетот политички потекнува од нив, а не од волјата на народот.

Како доказ на својата теза Портпаролот на Левица го воочи поставувањето на Заев и Ковачевски за премиери на државата, кое беше без освоено мнозинство на изборите и спротивно на народната волја, но поддржано и одобрено од странските амбасади.

Затоа е и тој трик на СДСМ во нивното владеење. Заев како непопуларен политичар, дојде со непопуларна партија на власт и направи непопуларна работа и остана на власт се додека не доби втор мандат. После низа на човечки трагедии кои ние често ги забораваме, а не треба да ги заборавама. Го изгуби сиот легитимитет за да го изгуби Скопје, како последен доказ за изгубен легитимитет. Но, што се случи, мандатот стана внатре-партиски трофеј на СДСМ, затоа што го легитимираа. Што е легалистичка потпора за нелегалистичка влада.

Мециновиќ заклучи дека политика преку која странските амбасади ја управуваат државата е спротивна од народната волја искажана од македонскиот народ.

Меѓународната заедница тоа го оправдува, што покажува контрадикција помеѓу народната волја и тоа што амбасадите го претставуваат како целоисходно во оваа држава.